Vakkas Doğantekin
01 Февруари 2019•Ажурирај: 02 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Европската унија (ЕУ) вчера формираше меѓународна контакт-група за да извршат притисок врз венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, за одржување нови избори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Групата ќе помогне во изградба на доверба и создавање услови кои се неопходни за веродостоен процес во согласност со релевантните одредби од Уставот на Венецуела, што ќе им овозможи на Венецуелците да ја одредат сопствената иднина преку одржување нови избори, со сите гаранции за слободен и фер изборен процес што може да го надгледуваат меѓународните независни набљудувачи“, изјави за новинарите во Букурешт високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика, Федерика Могерини.
Таа изјави дека министрите за надворешни работи на ЕУ ги дискутирале новите санкции за Венецуела.
Во групата ќе спаѓаат земјите членки на ЕУ, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Португалија, Шведска, Холандија и Велика Британија.
„Еквадор, Костарика, Уругвај и Боливија ќе бидат, исто така, дел од групата“, велат официјалните претставници на ОН.
Групата треба да се укине за 90 дена доколку нема политички напредок за да се обезбеди датум за избори.
Министрите на земјите членки се очекува да го одржат нивниот прв состанок во Латинска Америка што поскоро наредната недела.