Ekipa
24 Јуни 2019•Ажурирај: 25 Јуни 2019
ДАКА
Најмалку 4 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во железничката несреќа во која меѓуградски воз излета од шините во бангладешкиот дистрикт Маулвибазар, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случила недалеку од железничката станица „Барамчал“.
„Ги извлековме безживотните тела на четири лица. Станува збор за 3 жени и 1 маж“, изјави за АА полицискиот претставник Јардус Хасан.
Тој додаде дека повеќе од 100 лица се повредени, информирајќи дека поголемиот дел од повредените по лекарската контрола во болница се пуштени на домашно лекување.
Локалните медиуми пренесуваат дека во несреќата загинале 7 лица, а најмалку 250 се повредени.