Şenhan Bolelli
24 Јуни 2019•Ажурирај: 25 Јуни 2019
МАДРИД (АА) - Џамијата „Мулеј ел Мехди“ во Сеута, шпанската енклава во северна Африка, беше цел на вооружен напад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на изјавите на полициските претставници, Шпанската новинска агенција (EFE) јавува дека непознати напаѓачи отвориле оган врз комплексот на најголемата и најубавата џамија во центарот на шпанскиот град Сеута.
Нападот е изведен во миговите кога верниците извршувале молитва во џамијата, што предизвикало голема паника меѓу нив, но за среќа нема настрадани.
Според првичните информации, нападот го извел еден или двајца напаѓачи. Истрелани се најмалку четири куршуми.
Полицијата во Сеута започна истрага за нападот и трага по сторителите.
Муслиманската заедница сочинува 43 отсто од вкупната популација во шпанската енклава Сеута.