Alaattin Doğru
18 Март 2019•Ажурирај: 19 Март 2019
Во Демократската Република Конго се случи железничка несреќа во која животот го загубија 32 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалните медиуми, во местото Луембе, во подрачјето на Западен Касаи, од шините излетал карго воз во кој покрај комерцијалната стока имало и патници, меѓу кои се наоѓале и деца.
Поголемиот дел од вагоните при излетувањето од шините паднале во река. Во железничката несреќа животот го загубиле 32 лица, а 82 се повредени, од кои 38 се во тешка здравствена состојба.
Продолжуваат спасувачките операции за извлекување на патниците.
Ова е трета железничка несреќа што во последните 5 недели се случува во ДР Конго, каде што старите шини и возови се причина за човечки жртви.