Ayhan Mehmet
14 Мај 2017•Ажурирај: 15 Мај 2017
АТИНА (АА) - Во близина на грчкиот град Солун се случи железничка несреќа откако воз излета од железничкиот колосек. Во несреќата животот го загубија 4 лица, додека петмина се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението кое го објави компанијата (TRAINOSE) која раководи со грчката државна железница, возот на релација Атина-Солун од сѐ уште непознати причини излетал од железничкиот колосек, при што четири лица го заубиле животот, додека петмина се повредени, меѓу кои и машинистот на возот.
По овој настан, на местото на несреќата испратени се голем број амбулантни, пожарникарски и полициски екипи. Повредените лица се наоѓаат на лекување во болниците во Солун.