Ekipa
26 Декември 2021•Ажурирај: 27 Декември 2021
КУДС (АА) – За една година тројца агенти на израелската разузнавачка служба Мосад извршиле самоубиство, јавија израелските медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелскиот „Канал 12“ објави дека агентот на Мосад, Ајалон Шапира, бил првиот што извршил самоубиство на 26 март 2020 година.
Неговиот татко ги наведе психолошките проблеми што довеле до самоубиството на неговиот син, велејќи дека агентот на Мосад посетувал психијатар.
Вториот случај на самоубиство е регистриран три месеци по смртта на Ајалон. Уште еден агент на Мосад се самоубил на своето работно место девет месеци потоа, но „Канал 12“ не даде повеќе детали за тоа.
Во соопштение, од Мосад изјавија дека учат од овие случаи на самоубиства и дека работат на подобрување на механизмите и алатките со кои располагаат за да спречат појава на вакви самоубиства во иднина.