Ahmet Furkan Mercan
26 Декември 2021•Ажурирај: 27 Декември 2021
ТОКИО (АА) - Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала ги погоди денес островите Мијакоџима во јужна Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Земјотресот е регистриран во 17:26 часот по локално време, на длабочина од 40 километри на островите Мијакоџима, во јужната префектура Окинава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА).
Не е издадено предупредување за цунами.