свет

За живот се борат две сестри чија мајка е убиена во израелски напад врз Газа

- Тригодишната Ханан ги загуби двете нозе во израелскиот напад и се здоби со изгореници и рани на поголемиот дел од лицето и телото

Vesna Besic  | 07.09.2024 - Обновена : 07.09.2024
За живот се борат две сестри чија мајка е убиена во израелски напад врз Газа Фото: Ибрахим Нофал

ГАЗА (АА) - Израелските напади врз Појасот Газа траат речиси 11 месеци, известува Анадолу.

Две сестри се потешко повредени, а нивната мајка е убиена во еден од израелските напади врз градот Деир Ал Балах во централниот дел на Газа.

Тригодишната Ханан во израелски напад ги загуби двете нозе и се здоби со изгореници и рани на поголемиот дел од лицето и телото. Таа во моментов се наоѓа на лекување во ограничените капацитети на болницата Ал Акса. Со неа е и нејзината двегодишна сестра Миск, која во нападот ја загубила левата нога.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа од 7 октомври минатата година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во израелските напади се убиени речиси 40.900 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 94.400 се ранети.

Блокадата на Газа предизвика сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а израелските бомбардирања и гранатирања во урнатини претворија голем дел од регионот.

Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој нареди запирање на воените операции во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште пред областа да биде нападната на 6 мај.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.