свет

Најмалку 40.939 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври

– Израелските сили убија 61 лице и ранија 162 во четири масакри во Појасот газа во последните 48 часа.

Ikrame Imane Kouachi  | 07.09.2024 - Обновена : 08.09.2024
Најмалку 40.939 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври Фото: Ашраф Амра

ГАЗА (АА) - Израелската армија уби уште 61 Палестинец во нападите на Појасот Газа, со што вкупниот број на убиени од 7 октомври минатата година се зголеми на 40.939, објави Министерството за здравство на палестинската енклавата денес, известува Анадолу.

Министерството објави дека околу 94.616 лица се ранети во истиот период.

Израелските сили убија 61 Палестинец и ранија 162 во четири масакри на семејства во последните 48 часа, се вели во соопштението.

„Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, информира палестинското министерство за здравство.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа на 7 октомври минатата година.

Блокадата на Газа предизвика сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а израелските бомбардирања и гранатирања во урнатини претворија голем дел од регионот.

Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој нареди запирање на воените операции во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште пред областа да биде нападната на 6 мај.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.