Mahmut Geldi
18 Јули 2017•Ажурирај: 19 Јули 2017
ГАЗА (АА) - Изрел повеќе од 10 години го држи под опсада Појасот Газа, подрачје во коешто 85 отсто од населението живее на прагот од глад, јавува Anadolu Agency (AA).
На организираната прес-конференција од страна на Палестинскиот комитет за борба против опсадата на Газа, нејзиниот претседател Џемал ел-Худари соопшти дека е загрижувачка хуманитарната состојба на луѓето во Појасот Газа, која со секој изминат ден станува сѐ полоша.
„Невработеноста во Појасот Газа се доближи до границата од 60 отсто. Тоа е најголемата невработеност на светско ниво и претставува сериозна закана“, рече Ел-Худари.
Худари потсети дека во ова подрачје, приходите по жител изнесуваат нешто над 2 долари и додаде:
„Повеќе од 85 отсто од 2 милиони население на Газа, т.е. 1.600.000 Палестинци живеат на границата на гладување. Сиромаштијата и невработеноста продолжуваат забрзано да растат. Израел не дозволува влез на суровини во Газа, што е причина повеќе од 80 отсто од фабриките да бидат затворени. Затоа постои сериозен пад на производството во Газа“.
Худари рече дека како комитет, вчера испратиле писмо до Антонио Гутереш, генерален секретар на Обединетите нации, во коешто се бара ОН да изврши притисок врз Израел за намалување на опсадата врз Појасот Газа.
Од 2006 година досега, Израел држи под опсада околу 2 милиона Палестинци во Појасот Газа.