Eshat Fırat
19 Јули 2017•Ажурирај: 19 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (AA) - Израелската полиција во нападот по вечерната молтива го рани имамот на комплексот Ал Акса Екрим Саид Сабри, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелските безбедносни сили првин интервенираа врз верниците кои извршуваа вечерна молитва (јација намаз) во близина на влезот во Ал Акса, а потоа и на имамот кој притоа беше ранет.
Израелските сили интервенираа на Палестинците кои со извршување на намазот пред влезот на верскиот комплекс протестираа поради одлуката на Израел за поставување на метал на влез во Ал Акса.
Припадниците на израелските сили со употреба на прекумерна сила се обидоа да ги растераат собраните верници меѓу кои се наоѓаше и имамот на Ал Акса кој притоа е ранет со гумен куршум.
Палестинската Црвена полумесечина потврди дека имамот Сабри е префрлен во болницата ал-Макасед која се наоѓа во Источен Ерусалим.
Сеуште никој од лекарите официјално не говореше за здравствената состојба на имамот Ал Акса.
Црвената полумесечина додаде дека во истиот напад на влезот Ал Акса е ранет голем број лица, меѓу кои се наоѓаат и лица со тешки повреди.
Израелските сили во понеделник, по четири дена, ја укинаа забраната за влез во Стариот Град во Источен Ерусалим, но и силните тензии во тој регион и понатаму траат.
Локалното муслиманско население во комплексот Ал Акса не можеше да влезе од петок до понеделник, а израелските сили се во недела и на влезот во комплексот поставија дополнителни контролни пунктови со детектори од метал. Локалните Палестинци протестираат поради тоа и одбиваат да влезат во комплекс, туку намазите ги извршуваат пред комплексот.
Кризата во источен Ерусалим ескалираше во петокот наутро, кога израелските полицајци убија тројца Палестинци пред и во комплексот Ал Акса, а сето тоа резултираше со масовно стампедо во коешто беа повредени неколку лица, меѓу кои и двајца израелски полицајци кои починаа на пат кон болницата. Израелската полиција потоа нареди да се затвори комплексот Ал Акса, а Палестинците за првпат по окупацијата од 1967 година, петочната молитва ја извршија надвор од ѕидините на Стариот Град.