Mahmoud Mohamed Barakat
08 Септември 2020•Ажурирај: 09 Септември 2020
РАМАЛА (АА) - Израелската војска денес приведе 46 Палестинци во ноќните рации на Западниот Брег, кој Израел ги држи под окупација.
Амани Саранех, портпаролката на Палестинскиот клуб на затвореници, за Агенција Анадолија (АА) изјави дека рациите биле насочени кон подрачјето на Хеброн, каде биле приведени 46 граѓани, меѓу кои две жени.
Палестински извори соопштија дека меѓу приведените има и неколку водечки членови на Хамас.