Qais Omar Darwesh Omar,Safiye Karabacak
14 Октомври 2022•Ажурирај: 16 Октомври 2022
ЏЕНИН (АА) - Израелски војници за време на рација во Џенин, на северот од окупираниот Западен Брег, усмртија двајца Палестинци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните извори наведуваат дека израелските сили извршиле рација во градот Џенин. Војниците користеле и боева муниција против Палестинците кои се спротивставиле на рацијата.
Во соопштението на палестинското Министерство за здравство се наведува дека при рација на израелски војници во Џенин загинале две лица.
Израелските сили често вршат рации на Западниот Брег и Источен Ал Кудс (Ерусалим) и приведуваат Палестинци под различни обвиненија. На овие рации често се спротивставува палестинското население, што доведува до судири со израелските безбедносни сили.