Mustafa Deveci
14 Октомври 2022•Ажурирај: 15 Октомври 2022
КИЕВ (АА) - Најмалку пет лица загинаа вчера кога руски проектили погодија станбена зграда во јужна Украина, додека наводно била погодена и воена база на друга локација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Службата за итни случаи на Украина соопшти дека проектилите уништиле петкатна зграда лоцирана во градот Миколаев.
Според извештаите, од под урнатините било извлечено живо 11-годишно момче, а операциите за пребарување и спасување се во тек.
Регионалната воена управа на Лавов во меѓувреме соопшти дека руските сили истрелале три проектили, од кои еден го соборила украинската противвоздушна одбрана.
Во нападот е оштетен воен комплекс во близина на Лавов, а засега нема информации за повредени.
Два напади во текот на ноќта се случиле и во источниот украински град Харков, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во некои области.