?kipa
30 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
РАМАЛА (АА) - Израелските сили во акции во текот на ноќта организирани на Западниот Брег приведоа 20 Палестинци, велат израелските официјални претставници денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинците се приведени поради сомнеж дека учествувале во терористички активности.
Исто така, меѓу приведените се наоѓаат и четворица новинари кои работат за телевизијата „Al-Quds“.
Официјалните податоци на палестинската страна покажуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 6.500 Палестинци, од кои 350 малолетници.