Turgut Alp Boyraz
20 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили приведоа деветмина Палестинци за време на акциите преземени во различни делови на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелската армија вели дека акциите се спроведени во текот на ноќта, при што деветмина Палестинци се приведени за наводна поврзаност со терористички активности.
Израелските сили веќе подолго време под различен изговор приведуваат Палестинци на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.
Во израелските затвори има околу 7.000 Палестинци, вклучително и 300 малолетни лица.