Sarp Özer
07 Март 2016•Ажурирај: 09 Март 2016
АНКАРА (АА) - Во судир на две фамилии во Анкара, кој се случи вчера, 20 лица се приведени, се соопштува од канцеларијата на гувернерот на Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Во судирот, во кој се повредени 28 лица меѓу кои тројца потешко, користено е огнено оружје.
Во соопштението се наведува дека 14 лица се пуштени на домашно лекување.
Одземени се три ловечки пушки и три ножа.
Полицијата отвори истрага за случајот.