БРИСЕЛ (АА) - По четиридневните избори во земјите членки на Европската Унија (ЕУ) познати се резултатите од гласањето за Европскиот парламент, а лидерите на земјите на ЕУ се подготвуваат за периодот на пазарење за пополнување на позициите кои ќе бидат испразнети во европските институции, пишува Anadolu Agency (AA).
Лидерите на 28-те земји членки на ЕУ вечерва ќе се сретнат на неформален Самит во Брисел. На дневен ред на лидерите на земјите членки на ЕУ ќе биде изборот на претседателот на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, претседателот на Европскиот парламент, претседателот на Европската централна банка (ECB), како и пазарење околу изборот и на другите позиции во европските институции, како што е изборот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Особено голем интерес постои за тоа кој ќе го замени претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и како ќе се води целиот процес. Според процесот „Шпиценкандидат“, кој беше спроведен по изборите за ЕП во 2014 година, за претседател на Европската комисија се избира кандидатот на политичката група која во Парламентот ќе добие најголем број гласови.
Иако и на овие избори на првото место е Европската народна партија на централната десница, сепак оваа политичка група во ЕП загуби 34 пратенички места, и се претпоставува дека и онака тешкиот и проблематичен избор, според процесот „Шпиценкандидат“, станува уште потежок.
- Треба да се имаат предвид резултатите од изборите за ЕП
Во изборот за претседател на Европската комисија, осумте политички групи во Европскиот парламент подготвуваат листи со кандидати. Лидерите на земјите од ЕУ, при изборот на новиот претседател на Комисијата, принудени се да ги земат предвид резултатите од изборите за ЕП.
Откако лидерите на ЕУ ќе се договорат за заеднички кандидат за претседателството на Европската комисија, потребно е и Европскиот парламент со апсолутно мнозинство да го изгласа предложениот кандидат.
Од друга страна, според сликата добиена од резултатите на изборите за ЕП, се забележува загубата на пратенички места од страна на Европската народна партија (EPP) и Партијата на социјалдемократите (S&D), кои традиционално имаа надмоќ во ЕП.
Според резултатите може да се забележи дека „големата коалиција“ на Европската народна партија и Партијата на социјалдемократите се распаѓа и дека тие нема да можат да го постигнат потребното мнозинство за донесување одлуки. Во таква ситуација, се смета дека на „големата коалиција“ ќе ѝ биде потребна поддршка од Унијата на либерали и демократи за Европа (ALDE) и Европската слободна алијанса (EFA), кои се стекнаа со моќ по последните избори за пратеници во ЕП.
Пред изборите за ЕП, за претседател на Европската комисија, Партијата на социјалдемократите го имаше претставено кандидатот Франс Тимерманс, Европската народна партија го претстави Манфред Вебер, Унијата на либерали и демократи за Европа претстави двајца кандидати, Маргрет Вестагер и Ги Верхофстат, додека Европската слободна алијанса за лидер на својата листа ја претстави Ска Келер.
По новите избори за ЕП, се очекува политичките групи кои се здобија со поголема моќ, како што се Унијата на либерали и демократи за Европа и Европската слободна алијанса, да го зголемат својот притисок за претседателството на Европската комисија.
- ЕУ ја очекува долгорочен аспирантски процес
Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, во пораката објавена на неговиот профил на социјалната мрежа Твитер ја најавува неформалната лидерска средба. Се посочува дека тоа ќе биде главна тема на дневниот ред и на лидерскиот Самит на ЕУ кој ќе се одржи во јуни.
Се истакнува дека несогласувањата поврзани со изборот на претседателските избори меѓу доминантните сили во ЕУ, како што се Германија и Франција, уште повеќе ќе го отежнат процесот за избор.
Германската канцеларка отворено изјави дека ќе го поддржи Вебер, кандидатот на Европската народна партија од нејзината земја, додека претседателот на Франција, Емануаел Макрон, силно се противи на процесот „Шпиценкандидат“. Макрон честопати, наместо Вебер, го предлага Мишел Барниер, за кого смета дека е адекватен кандидат, кој исто така потекнува од Европската народна партија, а во моментов е главен преговарач на ЕУ за Брегзит.
Се очекува денеска Макрон да го започне „пазарењето“, одржувајќи тет-а-тет средби со претседателот на Шпанија, Педро Санчез и германската канцеларка Ангела Меркел.
Лидерите на ЕУ ги бираат претседателот на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, претседателот на Европскиот парламент, претседателот на Европската централна банка (ECB), а вршат избор и на други високи позиции во европските институции, како што е изборот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. За овие избори, лидерите денеска ги започнуваат средбите за преговори, кои се предвидува дека нема да бидат краткорочен процес.