Gamze Türkoğlu Oğuz
28 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, истакна дека постои голема веројатност дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, ќе го направи она што е потребно за мирот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп, преку објава на Твитер, соопшти дека вчера добил порака од претседателот на Кина, Ши Џинпинг, во која му пишал дека реализирал добра средба со Ким, и дека севернокорејскиот лидер со нетрпение очекува да се сретне со него.
„Постои голема веројатност дека Ким Џонг Ун сега ќе го направи она што е потребно за неговиот народ и за човештвото. Со нетрпение ја очекувам нашата средба“, рече Трамп.
Како што рече Трамп, во овој период, за жал, максимум санкции и притисоци ќе продолжат по секоја цена.
Новинската агенција „Синхуа“ соопшти дека претседателот на Работничката партија на Северна Кореја, а воедно и лидер на оваа земја, Ким Џонг Ун, на покана на генералниот секретар на кинеската Комунистичка партија, а воедно и претседател на Кина, Ши Џинпинг, во периодот од 25 до 28 март, оствари неформална посета на Кина.
Според веста на оваа агенција, за време на средбата, Ким и Ши разговарале околу билатералните односи, за случувањата на Корејскиот Полуостров, како и за прашања околу Самитот на лидерите кој ќе го одржат Северна Кореја, Јужна Кореја и САД.
Се очекува лидерот на Северна Кореја, Ким, кон крајот на април да оствари средба со претседателот на Јужна Кореја, Мун Је Ин, додека до месец мај, со претседателот на САД, Доналд Трамп.