Ali H. M.Abo Rezeg
23 Октомври 2018•Ажурирај: 24 Октомври 2018
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, денес изјави дека Иран е отворен за дијалог со Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ние немаме предуслови, но можеме да кажеме дека она што е потребно за дијалог е заемна почит, не заемна доверба“, изјави Зариф за јапонската новинска агенција „Кјодо“.
„Обично луѓето (кои) се вклучени во преговорите не мора да имаат доверба едни кон други, но тоа бара заемно почитување“, рече тој.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, во мај еднострано го повлече Вашингтон од Договорот за нуклеарна програма со Иран и групата земји P5+1 (пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН, плус Германија), кој беше потпишан во 2015 година.
Трамп почна да ги обновува санкциите на САД кон Техеран во август, со санкциите насочени кон иранскиот нафтен сектор што ќе стапат на сила на 4 ноември.
Санкциите се очекува да влијаат врз извозот на нафта на Иран, кој го обезбедува Техеран со приходите потребни за финансирање на неговиот национален буџет.
Земјите на ЕУ заедно со Турција го осудија ваквиот потег на Трамп, ветувајќи дека ќе пронајдат начини да ги заобиколат повторно поставените санкции.
Зариф изјави дека Техеран ќе биде во можност да ги надмине санкциите на САД, сметајќи дека многу земји искажале подготвеност за деловна соработка со Иран.
„Засега, ние ја продаваме нашата нафта и сме во можност да ја одржиме нашата економија“, изјави тој.