Emre Aytekin
23 Октомври 2018•Ажурирај: 24 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Социјалната мрежа „Твитер“ соопшти дека се затворени профилите на Алекс Џонс, кој е познат по теориите на заговор во американските интернет и радиопрограми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Твитер, трајно затворени се профилите @realalexjones и @infowars на Џонс на Твитер и Перископ, поради тоа што неговите твитови и видеа ја прекршиле политиката против навредливо однесување.
Во соопштението се вели дека ќе продолжат да ги оценуваат поплаките во врска со можни други профили поврзани со Џонс.
Твитер во септември соопшти дека се суспендирани профилите на Џонс.
Џонс привлече внимание со тврдењето дека вооружениот напад извршен во 2012 година, чија мета беа деца во основното училиште „Сенди Хук“ во САД, всушност не се случил.