Sena Güler
07 Август 2020•Ажурирај: 08 Август 2020
АНКАРА
Европската Унија сака посилни врски со Турција, се вели во соопштението издадено од Блокот по состанокот меѓу турскиот шеф на дипломатија и шефот за надворешна политика на ЕУ, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турција е важен партнер за Европската Унија. Земјите членки на ЕУ сакаат да ги зајакнат заемните односи, со што ќе се укинат тековните негативни трендови“, се вели во писмената изјава на високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија (ЕУ), Џозеп Борел, по неговиот состанок со Мевлут Чавушоглу во главниот град на Малта, Валета.
„Средбата беше продолжение на нивните интензивни размени на мислења што се водеа во последните месеци, последен пат телефонски на 23 јули“, се вели во сооштението.
Во соопштението се нагласува дека состанокот се одржал пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ (Гимнич) на 27-28 август во Берлин, каде што тие повторно ќе разговараат за односите со Турција, „продолжение на дебатата одржана во Советот за надворешни работи во Брисел на 13 јули.
Во соопштението се вели дека Борел го објаснил исходот од дебатата на Чавушоглу.
„Тие имаа отворена и искрена размена на мислења за односите меѓу ЕУ и Турција и ситуацијата во Источниот Медитеран, како и за клучните регионални прашања, особено за конфликтите во Либија и Сирија“, се вели во соопштението.
Турција аплицираше за членство во ЕУ во 1987 година, а разговорите за пристап започнаа во 2005 година. Но, преговорите беа запрени во 2007 година поради приговорите на администрацијата на кипарските Грци, Германија и Франција.