Zehra Nur Düz
07 Август 2020•Ажурирај: 08 Август 2020
АНКАРА
Либија го критикуваше таканаречениот поморски договор за демаркација меѓу Грција и Египет во Источниот Медитеран, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Либија нема да дозволи прекршувања на нејзините поморски права“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Мохамед ал Каблави.
Ал Каблави ја потврди посветеноста на Либија на меморандумот за разбирање во врска со ограничувањето на поморската јурисдикција потпишан со Турција.
На 27 ноември Турција и Либија потпишаа договор за ограничување на поморските јурисдикции. Договорот одредува дел од поморските јурисдикции на Турција во регионот.
„Либија ги повикува државите кои граничат со Медитеранот да дејствуваат во согласност со принципите на меѓународното право“, истакна Ал Каблави.
Египет соопшти дека потпишал билатерален договор со Грција за ограничување на поморските јурисдикции помеѓу двете земји во Источниот Медитеран.
Министерството за надворешни работи на Турција го критикуваше таканаречениот договор преку соопштение, додавајќи дека Грција и Египет немаат заеднички поморски граници и дека спомнатиот договор е ништовен за Анкара.
Во соопштението се наведува дека демаркациската зона во договорот е лоцирана на турскиот континентален појас, за што Анкара ги известила Обединетите нации (ОН).