Sinan Doğan
22 Мај 2021•Ажурирај: 26 Мај 2021
БОГОТА
Земјотрес со интензитет од 5,8 степени ја потресе централноамериканската држава Никарагва, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за регионални истражувања на Никарагва (INETER) на својата интернет-страница објави дека епицентарот на земјотресот се наоѓа во северозападниот дел на земјата, на отворено море, 51 километар од градот Жикилило на брегот на Тихиот Океан, на длабочина од 51 километар.
Земјотресот не предизвикал човечки жртви ниту материјална штета, а бил почувствуван и во градовите Чинандега, Леон и Манагва.
Никарагва е една од земјите што се наоѓаат во земјотресната зона наречена „Пацифички огнен прстен“ во која има интензивна сеизмичка активност.
На 8 јули 2000 година Никарагва ја потресе земјотрес со интензитет од 5,9 степени во кој животот го загубија 12 лица.