?????
25 Јануари 2016•Ажурирај: 25 Јануари 2016
МАДРИД (АА) - Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени од Рихтеровата скала, утринава го потресе медитеранскиот регион меѓу Мароко и Шпанија, јавува Anadolu Agency (АА).
Американскиот геолошки завод објави дека епицентарот на земјотресот е регистриран во Средоземното Море на околу 77 километри северозападно од Мелила, мало шпанско градче на границата со Мароко.
Локалните медиуми објавија снимки од жителите на Мелила кои земјотресот ги затекна пред зори. Повеќето од нив ги напуштија своите домови од страв.
Сè уште нема информации за жртви или материјална штета.