Muhammed Yasin Güngör,Mustafa Melih Ahıshalı
05 Декември 2024•Ажурирај: 06 Декември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со магнитуда од 5,6 степени го погоди подрачјето на Хафткел во западната иранска покраина Кузестан рано утрово, соопшти Сеизмолошкиот центар на Универзитетот во Техеран, пренесува Анадолу.
Земјотресот, регистриран во 07:32 часот по локално време, се случил на длабочина од 10 километри.
По земјотресот, според податоците на Американскиот геолошки институт, во регионот се регистрирани два последователни потреса со магнитуда од 4,9 и 5 степени.
И двата последователни потреса се случиле на длабочина од 10 километри.
Засега нема извештаи за жртви и предизвикана материјална штета.