Mustafa Melih Ahıshalı
18 Јануари 2023•Ажурирај: 19 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со јачина од 5,4 степени се случи во градот Хој кој се наоѓа во иранската покраина Западен Азербејџан, при што според првичните сознанија се повредени 120 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на новинската агенција „Тесним“, епицентарот на земјотресот бил во градот Хој, додека земјотресот се случил во 13:38 часот по локално време.
Хамид Махбуби, претседател на Црвената полумесечина во покраината Западен Азербејџан, во изјава за медиумите даде информации околу последната состојба по земјотресот.
„Земјотресот предизвика штети во 20 куќи во пет села. Досега се регистрирани 120 повредени“, нагласи Махбуби.
Тој истакна дека на местото на настанот се упатени 15 тима за пребарување и спасување.