Muhammet Kurşun
15 Март 2020•Ажурирај: 15 Март 2020
ТЕХЕРАН (AA) - Земјотрес со јачина од четири степени по Рихтер го погоди иранскиот град Ком, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сеизмолошкиот центар при Универзитетот Техеран соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистиран во градот Ком. Забележан е околу полноќ.
Земјотресот е регистиран на длабочина од десет километри. Уште нема податоци за евентуални човечки жртви или материјална штета.