Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
21 Јуни 2018•Ажурирај: 22 Јуни 2018
ИДЛИБ (АА) - Во бомбашки напади во западниот дел на Идлиб, Сирија, загинаа пет а ранети се 35 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на Цивилната одбрана во Идлиб, Мустафа Хај Јусуф за АА изјави дека неколку напади биле извршени во улицата во која се наоѓа и Црвената полумесечина на Сирија.
Тој истакна дека биле активирани бомбите кои биле поставени на мотоцикл и уште едно возило.
Тој додаде дека во нападите загинале пет, вклучувајќи и еден припадник на Цивилната одбрана, додека ранети биле 35 лица, од кои некои се здобиле со повреди опасни по живот.
Во нападите се оштетени згради и возила кои се наоѓале во близина.
Се уште никој не презеде одговорност за нападите.