Gökhan Yılmaz
21 Јуни 2018•Ажурирај: 23 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Истражувачкиот центар на „ТРТ Ворлд“ (TRT World) објави извештај за погледот на медиумите во западните земји и нивниот начин на известување, кога станува збор за претседателските и парламентарните избори кои ќе се одржат во Турција на 24 јуни, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на „ТРТ Ворлд“ се наведува дека Извештајот на англиски јазик за известувањето на западните медиуми за изборите во Турција е објавен во електронска верзија.
Извештајот опфаќа стратегии во политиката и економијата насочени кон Турција. Во студијата од 20 страници опфатени се статии од познати медиуми, меѓу кои се агенциите: „Франс прес“ (AFP) и Асошијетед прес (AP), и весниците „Вашингтон пост“ (Washington Post) „Њујорк тајмс“ (New York Times) и „Гардијан“ (Guardian).
Истражувањето покажува дека околу 56 отсто од вестите објавени меѓу 18 април и 5 јуни содржат погрешни информации за политичкиот систем на Турција и за нејзините челници. Исто така, податоците покажуваат дека 38,8 отсто од содржините јасно ја оцрнуваат турската економија. Во само 5,2 отсто од анализираните текстови можат да се забележат како се известува без истакната пристрасност.
Студијата која ја водеше директорот на Истражувачкиот центар на „ТРТ Ворлд“, Тарек Черкаои, покажува дека западните медиуми во вестите за изборите 2018 година често ги користеле изразите како „авторитаризам“ и „економска чувствителност“, а игнориран е демократскиот процес во Турција.
Черкаои истакна дека е докажано оти во потполност се игнорирани конкретните податоци за економскиот раст на Турција. Исто така, западните медиуми ги игнорираа извештаите на неколку организации, меѓу кои е Организацијата за европска безбедност и соработка (OSCE).
Истакнатите западни медиуми едногласно продолжија да ја користат конструкцијата „Растечки авторитаризам во Турција“.
Освен тоа, со користењето на „турската чувствителност од економски апсект“ се настојуваше да се создаде имиџ на „слаба Турција“, особено во финансиските и претприемачки кругови.
Черкаои изјави и дека слични ставови во врска со Турција можеле да се видат во клучни политички процеси, и дека е потребно во тие рамки да се направат додатни студии и одблизу да се набљудуваат протурските трендови во западните медиуми.