Извештај: Хакери објавија податоци на израелски нуклеарен научник, висок функционер во одбраната
Израелскиот дневен весник „Хаарец“ објави дека хакерите, наводно поврзани со иранската разузнавачка служба, објавиле лични податоци за нуклеарен научник во Центарот за нуклеарни истражувања „Сорек“.
ЕРУСАЛИМ (АА) - Хакери го открија идентитетот на израелскиот нуклеарен научник и висок функционер во одбраната, јавуваат израелските медиуми денес, јавува Анадолу.
Израелскиот дневен весник „Хаарец“ објави дека хакерите, наводно поврзани со иранската разузнавачка служба, објавиле лични податоци за нуклеарен научник во Центарот за нуклеарни истражувања „Сорек“.
Весникот наведува дека хакерите објавиле околу 30 фотографии од центарот „Сорек“ откако биле преземени од хакираниот телефон и од е-поштата на израелскиот нуклеарен научник.
Хакерите објавија и скриншот од списокот на израелски нуклеарни научници кои во центарот „Сорек“ работат на проектот „Забрзувач на честички“.
Објавени се и приватни фотографии и документи на поранешниот генерален директор на Министерството за одбрана откако е хакиран неговиот профил.
Израел не го коментираше извештајот.
Минатиот месец израелската полиција соопшти дека привела седуммина израелски државјани обвинети дека собирале информации за израелските воени бази и енергетската инфраструктура за иранските разузнавачи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.