Mehmet Nuri Uçar
30 Август 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
ГАЗА (АА) - Израелската војска бомбардираше позиции на Хамас во Појасот Газа, кој е под блокада, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на израелската Војска објавено на Твитер, одредени набљудувачки точки на Хамас во Газа се нападнати со артилериски оган.
Се истакнува дека нападите се извршени како одговор на лансирањето на запаливи балони од Газа кон Израел.
Не се дадени информации за евентуални жртви или повредени во нападите.
Инаку, израелската Војска од 12 август изведува напади врз позиции на Хамас во Газа.
Администрацијата на Тел Авив тврди дека во зоната избиваат пожари како резултат на пуштањето запаливи балони кон еврејските населени места во околината на Газа од страна на палестинските активисти.
Изреалската Војска често врши воздушни напади врз пограничните зони каде што според израелската војска се подготвуваат овие запаливи балони.