Ethem Emre Özcan
30 Август 2020•Ажурирај: 01 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека нема информации за судбината на околу 100.000 лица кои биле киднапирани или заробени во Сирија каде што владее граѓанска војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По повод 30-ти Август - Светскиот ден на исчезнатите лица, СНХР објави извештај во врска со лицата киднапирани или заробени од март 2011 година досега во Сирија, за чија судбина нема информации.
Според извештајот на СНХР, нема информации за судбината на 99.479 лица кои во периодот од март 2011 до август 2020 година биле киднапирани или заробени од страна на завојуваните страни во Сирија.
Според тоа, нема информации за судбината 84.371 од вкупно лица во овој период од страна на силите на Асадовиот режим.
Од друга страна, според опозициски извори, во затворите на Асадовиот режим без причина се држат најмалку 500.000 лица.
Во овој период, 8.648 лица биле киднапирани или заробени од страна на терористичката организација ДЕАШ, 2.056 лица од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК, која го користи називот СДГ, 2.007 лица од групата Хејет Тахрири еш Шам, антитежимска вооружена група, додека 2.397 лица од други групи на воената опозиција.