Safiye Karabacak
20 Мај 2021•Ажурирај: 20 Мај 2021
ГАЗА (АА) - Израелската армија во окупираниот Појас Газа напаѓа домови, земјоделско земјиште и позиции на палестинските групи на отпор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во напад на израелските воени авиони врз еден стан во градот Хан Јунус, јужно од Појасот Газа, регистрирани се повредени лица. Исто така, во нападите оштетени се две куќи, од кои една во јапонскиот кварт во Хан Јунус, а другата во областа Шабура во градот Рафа.
Борбени авиони го бомбардираа и плоштадот „Шухеда“ во бегалскиот камп „Џибалија“. Во нападот во кој се регистрирани повредени лица, исто така, сериозно е оштетена и инфраструктурата.
Израелски воени авиони, меѓу другото, бомбардираа земјоделско земјиште и едно празно возило во регионот Шеик Аџлин на југот од Газа и три позиции на палестинските групи на отпорот во Рафа и Дејр ел Бела, јужно од Газа.
Меѓу другото, Израелската армија изврши воздушни напади врз земјоделско земјиште во бегалскиот камп „Нусајрат“, лоциран во централниот дел на Појасот Газа. Во артилерискиот напад извршен од Израелската армија во Бејт Ханун, избувна пожар на земјоделско земјиште.
Од друга страна, израелски воени чамци го бомбардираа крајбрежјето во северна Газа и Хан Јунус.