Rania R.a. Abushamala
14 Ноември 2025•Ажурирај: 16 Ноември 2025
ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) - Израел ги идентификуваше останките на заробеник примени од Појасот Газа вчера како дел од првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа, јавува Анадолу.
Израелската Армија соопшти дека телото му припага на заробеникот Мени Годар, според форензичките процедури за идентификација спроведени во соработка со израелската полиција и воениот рабинат.
Годар (73), беше заробен на 7 октомври 2023 година од неговиот дом во кибуцот Бе’ери од страна на движењето Исламски џихад, соопшти Армијата.
Три тела сè уште се наоѓаат во Газа, вклучувајќи едно на тајландски работник, објавија израелските медиуми.
Хамас веќе ослободи живи 20 израелски заробеници и ги предаде останките на 27 од 28, повеќето од нив Израелци, откако прекинот на огнот стапи на сила на 10 октомври. Сепак, Израел тврди дека едно од примените тела не се совпаѓа со ниту еден од неговите наведени заробеници.
Првата фаза од договорот за прекин на огнот вклучува ослободување на израелските заложници во замена за палестински затвореници. Планот, исто така, предвидува обнова на Газа и воспоставување нов управувачки механизам без Хамас.
Израел уби повеќе од 69.000 луѓе, претежно жени и деца, во нападите во Газа од октомври 2023 година и ја претвори во урнатини.