свет

Израел ги нападна шаторите на раселените Палестинци во Газа, убивајќи најмалку три лица

– Според првите извештаи, во нападот на шаторите на раселените во кампот Бурајџ, животот го загубија тројца Палестинци, меѓу кои и едно девојче, а многумина се повредени.

Hosni Nedim, Çağrı Koşak  | 14.11.2024 - Обновена : 14.11.2024
Израел ги нападна шаторите на раселените Палестинци во Газа, убивајќи најмалку три лица Фото: Моиз Салхи

ГАЗА (АА) - Тројца Палестинци се убиени, меѓу кои и едно девојче, во израелски воздушен напад врз шаторите на раселените Палестинци во бегалскиот камп Бурајџ, кој се наоѓа во централниот дел на Појасот Газа, известува Анадолу.

Бегалскиот камп Бурајџ во градот Деир ал Балах беше цел на израелски воени беспилотни летала, соопштија извори од болницата Загинати херои на Ал Акса.

Според првичните информации, во нападот на шаторите на раселените Палестинци убиени се тројца Палестинци, меѓу кои и едно девојче, а голем број се повредени.

Во Газа, каде Израел продолжува со нападите од 7 октомври 2023 година, раселени се повеќе од два милиони Палестинци.

Шаторите во кои се засолнети раселените цивили, често се мета на израелската армија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın