Ebru Şengül Cevrioğlu
16 Декември 2021•Ажурирај: 17 Декември 2021
ТЕЛ АВИВ (АА) - Израел треба да ги прекине активностите поврзани со истражувањето на природен гас во Медитеранот, ветувајќи дека 2022 година, наместо тоа, ќе биде „Година на обновливите извори на енергија“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во своето обраќање на деветтата Конференција за обновлива енергија Еилат-Еилот, израелската министерка за енергетика, Карин Елхарар, рече дека ’гасот може да почека‘“, пренесе порталот „Тајмс оф Израел“.
Порталот наведува дека Елхарар „нема да ги прифати препораките на поранешниот генерален директор на Министерството, Ехуд Адири, за продолжување на истражувањето на природниот гас во Средоземното Море“.
Елхарар, исто така, рече дека Израел нема да ја започне четвртата фаза на лиценцирање за истражување на природен гас следната година, туку наместо тоа, ќе формира оддел за обновлива енергија во рамките на Министерството за енергетика.