Qais Omar Darwesh Omar,Safiye Karabacak
06 Август 2024•Ажурирај: 07 Август 2024
ЏЕНИН (АА) – Најмалку четири лица се убиени, а три се повредени во израелскиот воздушен напад врз две возила во градот Џенин на северот на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.
Палестинската Црвена полумесечина извести дека две возила биле погодени во населбата Аш-Шарки.
Во соопштението се наведува дека четворица Палестинци ги загубиле животите и дека во тој напад се повредени и тројца Палестинци.
Локални извори јавуваат дека нападот е извршен со израелски дрон во источниот дел на Џенин.
Израелската армија вчера започна опсежни рации во бегалскиот камп и во многу населби во Џенин. Воени булдожери ги оштетија и инфраструктурата и возилата во подрачјето. Најмалку петмина Палестинци се ранети.
Израелската армија се повлече од Џенин и од бегалскиот камп по 20-часовниот упад.