Esra Tekin
18 Јануари 2025•Ажурирај: 18 Јануари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската влада го одобри договорот за прекин на огнот и размена на затвореници во Појасот Газа доцна вечерва, по повеќечасовна седница, јавува Анадолу.
Во соопштението на Кабинетот на премиерот се истакнува дека распоредот за ослободување на затворениците треба да започне во недела.
Договорот беше ставен на расправа на состанокот на министрите од владата откако беше одобрен од Кабинетот за безбедност.