Ikrame Imane Kouachi
22 Октомври 2023•Ажурирај: 23 Октомври 2023
КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) - Израел денес одлучи да евакуира уште 14 градови во близина на границата со Либан, со што вкупниот број на градови кои во период од недела дена ќе бидат евакуирани, во време на ескалацијата на израелско-либиската граница, се зголеми на 43, известува Анадолу
Во заедничкото соопштение на изралеското Министерство за одбрана и на војската се наведува дека министерот Јоав Галант одобрил „проширување на планот за евакуација“.
„Одлуката ќе ја спроведат началниците на локалните општини, Министерството за внатрешни работи и Националната управа за вонредни ситуации при Министерството за одбрана“, се истакнува во соопштението.
Израел на 16. октомври најави евакуација на 28 града, а потоа на листата го додаде и градот Кирјат Шмон.
Тензиите долж израелско-либиската граница се зголемија поради престрелките меѓу израелските сили и Хезболах.
До ескалација дојде за време на израелските воздушни напади на Појасот Газа кои започнаа по нападот на палестинската група Хамас на израелските погранични градови.