Ekipa
07 Февруари 2016•Ажурирај: 08 Февруари 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за инфраструктура Јувел Стеинц, тврди дека Египет, на барање на Израел, вовел нови мерки за потопување на тунелите под границата помеѓу Газа и Синај, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Стеинц на синоќешниот семинар за регионална соработка во градот Бир Шева и во таа пригода истакна дека соработката помеѓу Израел и Египет, посебно во координирањето на мерките за безбедност, никогаш не била подобра.
„Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси покрена акција за потопување на подземните тунели кои ги поврзуваат Газа и египетскиот Синај со морска вода, и тоа на барање на Израел”, рече министерот Стеинц.
Појасот Газа веќе неколку години е под ембарго на Израел. Единствениот граничен премин кон Египет, Рафа, воглавно е затворен, а населението на Газа со своите основни потреби се снабдува преку стоката која се носи низ тајно ископаните канали под египетската граница.
Египетската војска во изминатите неколку месеци потопи десетици вакви тунели.