Esat Fırat
29 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Воените авиони на Израел извршија воздушен напад во Појасот Газа која е под блокада, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Израелските воени авиони погодија 35 позиции во седум точки кои им припаѓаат на Хамас и Исламски џихад во Појасот Газа“, се вели во соопштението на Кабинетот на портпаролот на Израелската војска.
Според ова соопштение, воените авиони погодија шест воени точки и бази, меѓу кои и складишта за оружје.
„За време на нападот е погоден и уништен еден тунел на Хамас во подрачјето на граничниот премин Керем Ебу Салим. Овој тунел, од Газа поминува од териториите на Египет, а потоа продолжува на териториите на Израел. Се користи за терористички цели и за доставување оружје во Египет“, се тврди во ова соопштение.
Хамас и Исламски џихад сè уште не дадоа каква било изјава околу случајот.
Израелскиот тв-канал „Канал 10“ соопшти дека тројца Израелци се повредени во еврејското населено место Ашкол, кое се наоѓа на границата на Газа, како резултат на ракетите лансирани од Газа.
„Канал 10“ не даде информации околу здравствената состојба на повредените Израелци.
Израелската администрација тврдеше дека изутрина е извршен минофрлачки напад од Газа врз Израел, и ги обвини Хамас и Исламски џихад поради овој случај.
„Израел ќе им наплати висока цена на тие кои сакаат да му наштетат“, рече премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, кој испрати сигнал за напад врз Газа.