Hamdi Yıldız
01 Февруари 2020•Ажурирај: 02 Февруари 2020
ГАЗА (АА) - Израелската Војска изврши воздушен напад врз некои точки во источниот и централниот дел на Појасот Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде АА од извори во регионот, израелските воени авиони бомбардирале точка на Хамас што се наоѓа во населбата Нусајрат, во централниот дел на Газа, и земјоделско земјиште во населбата Шуџаије, во источниот дел на Газа.
Министерството за здравство на Палестина сè уште не даде изјава во врска со случајот.
Од друга страна, во соопштението на израелската Војска се наведува дека за 24 часа од Газа кон израелската страна биле лансирани 8 ракети.
Во текот на демонстрациите против наводниот мировен план на Трамп, одржани во петокот на пограничната линија, израелската Војска повреди 12 Палестинци.