Sefa Şahin
01 Февруари 2020•Ажурирај: 01 Февруари 2020
АНКАРА
Турскиот товарен авион што е испратен да ги евакуира државјаните на Турција поради епидемијата на коронавирусот во Кина, полета од кинескиот град Вухан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа преку соопштение го потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Нашиот авион, што под надзор на персоналот на Министерството за здравство безбедно ги прими турските државјани и државјаните на пријателските земји, полета од кинескиот град Вухан“, се наведува во ова соопштение.