Hamdi Yıldız
13 Август 2020•Ажурирај: 13 Август 2020
ГАЗА
Воени авиони на Израел изведоа воздушни напади врз различни подрачја во Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од теренот, нападнати се позициите на вооруженото крило на Хамас „Изедин ел Касам“ на повеќе локации во Газа.
Засега нема информации за евентуални жртви или ранети во израелските воздушни напади.
Соопштение во врска со воздушните напади не даде ниту израелската војска. Претходно израелски официјални лица изјавија дека на нападите од Газа со запаливи балони кои предизвикуваат пожари, Израел може да одговори со воздушни напади.