Muhammed Emin Canik
03 Јуни 2024•Ажурирај: 04 Јуни 2024
ГАЗА (АА) - Во нападите на израелската војска врз градот Кан Јунис на југот на Појасот Газа загинаа 12 Палестинци, јавува Анадолу.
Како што наведува палестинската новинска агенција ВАФА, загинати се десетмина Палестинци, меѓу кои три деца, а многумина се повредени во бомбардирањето на две куќи во регионот Ер-Рамида, источно од Кан Јунис.
Во нападот на израелската војска врз куќата на семејството Ебу Хатир во Кан Јунис загинаа двајца Палестинци, а многумина се повредени.
Израелската војска го гаѓаше и подрачјето околу Европската болница во Кан Јунис.
Израел започна брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, при што загинаа повеќе од 36.400 луѓе, од кои огромно мнозинство жени и деца, а повредени се повеќе од 82.600.
Речиси осум месеци од почетокот на израелските напади, огромни делови од Газа се во урнатини, а недостигаат храна, чиста вода и лекови.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, каде што засолниште од војната најдоа над еден милион Палестинци.