Ali H. M.Abo Rezeg
18 Февруари 2018•Ажурирај: 19 Февруари 2018
ГАЗА (АА) - Најмалку две лица загинаа во воздушните напади извршени од страна на израелските сили рано утрово во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Најмалку четворица израелски војници беа ранети во вчерашната експлозија што се случи на границата на Појасот Газа, а неколку часа подоцна, израелските воздухопловни сили извршија напади во внатрешноста на таа палестинска територија.
„Најмалку две машки лица се убиени во воздушните напади“, истакна портпаролот на палестинското Министерство за здравство, Ашраф ал-Кудра.
Тој исто така рече дека во Рафа загинале уште двајца 17-годишни момчиња.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, вчера ѝ нареди на израелската армија жестоко да реагира на бомбашкиот напад.