Ahmed Asmar
10 Ноември 2023•Ажурирај: 11 Ноември 2023
КУДС (АА) - Израелските власти продолжуваат да воведуваат строги ограничувања за Палестинците, забранувајќи им да влезат во џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) за време на петочната молитва веќе петта недела по ред, јавува Анадолу.
Претставник на Одделот за вакафи во Ал Кудс за АА изјави дека само 4.000 Палестинци, од кои повеќето се постари, успеале да стигнат до џамијата Ал Акса за петочната молитва.

Службеникот, кој не сакаше да биде именуван, додаде дека се чини дека џамијата е празна поради строгата израелска контрола на улиците.
Од рано наутро денес, израелските сили се распоредени низ окупираниот Источен Кудс, особено во Стариот град и на влезовите што водат до џамијата.

Стотици Палестинци беа принудени да клањаат петочна молитва на улиците во близина на Стариот град, откако им беше забранет влезот во џамијата Ал Акса.
Израелската страна не ги коментираше причините за ограничување на пристапот на муслиманите до џамијата Ал Акса за молитва.
