Turgut Alp Boyraz
17 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
ТЕЛ АВИВ (АА) - Илјадници луѓе демонстрираа во Израел за да го изразат своето незадоволство од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, против кого се води истрага за корупција, јавува Anadolu Agency (AA).
Нетанјаху досега седумпати е сослушуван во полиција, а по третпат се одржаа протести под називот „Прошетка на срамот“.
Демонстрантите се собраа на Булеварот Ротшилд во Тел Авив и извикувајќи слогани против израелскиот премиер прошетаа до плоштадот Хабима.
Демонстрантите се противат на новиот закон во Израел, според кој на полицијата би ѝ се ускратиле одредени привилегии. Тие тврдат дека целта на овој предлог-закон е спас на Нетанјаху од истрагите за корупција и побараа одредување затворска казни за него.
Кога станува збор за истрагата, на сметка на израелскиот премиер постојат обвинувања дека земал мито од стопанственици, преговарал со шефови на одредени медиуми да објавуваат медиумски содржини во негова корист, како и обвиненија за корупција во врска со купување на подморници од Германија.
Изјава во полицијата даде и сопругата на премиерот Сара Нетанају.