Yaser Albanna,Hamdi Yıldız
30 Ноември 2019•Ажурирај: 01 Декември 2019
ГАЗА (АА) - Израелските воени авиони погодија позиции на бригадата „Изедин ал Касам“, која е воена гранка на движењето Хамас, во јужниот дел на Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нема жртви во нападот на израелските воени авиони извршен со пет ракети врз позиции на бригадата „Изедин ал Касам“.
Исто така, беше извршен сличен напад врз набљудувачка точка на Хамас.
Израелската војска претходно соопшти дека од Газа бил извршен ракетен напад врз израелско населено место.
Ракетите за кои се вели дека биле лансирани кон израелските илегални населени места, паднале на празно земјиште. Никој не ја презеде одговорноста за ракетите за кои се тврди дека биле лансирани од Газа.